Руми (1207-1273) е најчитаниот светски поет на сите времиња. Неговите стихови пеат за љубовта, страста, тагата и смислата на постоењето. Универзалноста на неговите стихови ги надминува просторните, временските и културните бариери. Во неговата поезија, болката и страдањето се надминуваат во мистичниот пат на духовно воздигнување преку љубовта, до состојбата на совршенство.