Игор Тиш (1989, Гумене, Словачка) е еден од најнадежните гласови на новата словачка поезија. Во неговите песни се вкрстуваат анемијата на секојдневието и полнокрвноста на субјектот што сака да побегне од него; перцепцијата на бесмисленоста и потрагата по смисла, единство и љубов. Неговата поезија е мост на средба меѓу празнината и полнотијата, меѓу меланхоличното и еротичното.