Душан Митана (1946, Моравске Лиескове, Словачка) е еден од најпознатите и најчитаните словачки автори. Во неговата проза се мешаат рационалното и фантазмагоричното, вообичаеното и бизарното, гротескното и еротското. Имајќи предвид дека доминантата во прозата на Митана е дисхармонијата меѓу обидите за барање смисла и бесмисленоста на светот, може да се рече дека ликовите од неговиот фиктивен универзум се меѓу најкарактеристичните јунаци на европскиот егзистеницјализам.
Книгата што е пред Вас е извонредно прозно остварување за сладокусците на добрата проза.