Владимир Левчев (1957, Софија, Р. Бугарија) е еден од најпознатите и најплодните бугарски поети и прозаисти, есеист, новинар, политичар, активист и професор. Романот Крали Марко – Балканскиот принц претставува постмодерен палимпсест на историографски записи, легенди и преданија, извонреден спој на историски, фолклорни, фантастични и митопоетски елементи во градењето на сликата на една од најмаркантните и најконтроверзните личности во историјата на Балканот – Крали Марко. Тој е последниот кнез на балканските Словени пред доаѓањето на Османлиите, чие царство суштествува на самиот крај на времето на самовилите и змејовите. Тој е последниот класичен херој, проекција на колективното самоспознание на балканските народи, симбол и духовна еманација на јужнословенското општество.
- Home
- ВОСТОК ПРОЗА
- Владимир Левчев – Крали Марко „балканскиот принц“