Душан Митана (1946, Моравске Лиескове, Словачка) е еден од најпознатите и најчитаните словачки автори. Атмосферата во таинствените раскази од Ноќни вести тешко може да се објасни. Ликовите како да не веруваат во една единствена вистина, што би можела да разреши сè. Ако тоа се случи, вистината е премногу сурова. Околу настаните во овие раскази авторот создава исклучително мистериозна атмосфера што го држи читателот во постојана напнатост.