Читањето на „Ѕвездите што спијат“, најверојатно, изискува умешност да се сонува, да се љуби, да се радува и да се сострадува, понатаму, изискува и да се молчи зашто „созвучјата од внатре-шните тишини“ се неминовни кога се фрламе во потрагата по најдлабоките тајни на светот и на себеси, да се гледа од Земјата кон ѕвездите и обратно и да се преминува тоа растојание притоа да се заборави на часовникот под претпо-ставката дека времето е и архаично, и сегашно, и универзално и непостојно завршено и време што доправа ќе се случи, пред сѐ, изискува да се верува во Бог или, едноставно, во љубов, но, конечно, читањето на „Ѕвездите“ ги исполнува празните заборавени одаи со содржини кои создаваат амбиент на идеален дом во кој на меката перница со мирис на чистота може безгрижно да се легне и да се заспие. Токму тогаш сонувањето може да почне.
Фросина Пармаковска