• Email
  • Facebook
  • Twitter
  • ПОЧЕТНА
  • ИЗДАНИЈА
    • ВОСТОК КЛАСИКА
    • ВОСТОК ПРОЗА
    • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
    • ВОСТОК ЕСЕИСТИКА
    • ВОСТОК ЗА ДЕЦАТА
    • ВОСТОК НАУКА
    • ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА
  • ЗА НАС
  • ПРОДАЖНИ МЕСТА
  • КОНТАКТ
Search the site...
  • Home
  • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
  • Одвиг Клив – Да го освоиме синото небо

Одвиг Клив – Да го освоиме синото небо

Одвиг Клив (1952) е норвешка авторка и режисерка. Во нејзиното богато книжевно творештво се вбројуваат девет поетски збирки, краток роман и осум книги за деца. преведени на многу јазици. Да го освоиме синото небо претставува збирка ангажирана  еко-поезија, во која борбата на поединецот против политичките елити и корпорациите се претвора во донкихотовска борба со ветерници. Песните во оваа збирка се поврзани и креираат едно лирско и филозофско промислување на односите на моќ во светот и последиците на ситуациите во кои човекот се замислува дека е Бог. Лирските контемплации ги сопоставуваат позициите на обичниот човек и човекот од политичката елита, скенирајќи ги нивните души што изобилуваат со истите дилеми, болки и стравови. Постојаниот конфликт меѓу обичниот народ и елитите и нивниот стремеж за тотална доминација над ресурсите, прикажан во песните на Одвиг Клив, е тема која ќе станува сè поактуелна, бидејќи се работи за глобален светски феномен  кој зема сè поголеми размери.

Адреса: Ул. Мирко и Танче Живкови
124, 7000 Битола
Аll Rignt Reserved ©2024 Vostok - Bitola / Macedonia