Рабиндранат Тагоре се вбројува меѓу најславните и најчитани поети на сите времиња. Бардот на Бенгал, како што го нарекуваат, во 1913 година ја добива Нобеловата награда за книжевност. Песните на Тагоре ја продуховуваат природата и наоѓаат божественост во тишината, дрвјата, морето. Љубовта, поставена на највисокиот пиедестал во универзумот, заедно со внатрешната потрага по духовноста, ја прават неговата поезија мистична и возвишена, а Тагоре еден од најпознатите поети на љубовта во светот.