Марија Ференчухова (1975, Братислава) е словачка поетеса, преведувачка, филмска критичарка и теоретичарка. Јазикот и имагинацијата кај Марија Ференчухова се проткаени со спокој и вечност, а нејзиното писмо се карактеризира со организациски и контролиран ред на создавање. Во нејзините песни доминира описот – да се читаат нејзините песни е исто како да се гледаат насликани платна на кои се забележува острината на перцепцијата и грижата за деталот. Главна преокупација на Ференчухова е проникнувањето во светот, преку длабоко понирање во себе, каде што низ слоевите на анатомијата, физиологијата и болката, повторно ја открива љубовта.