Во романот Црвен чад, Перла Суес ги сместува своите ликови во аргентиската област Чако, во 30-ите години на 20 век. Нивниот економски опстанок се заснова на јагленарниците во кои се прави јаглен од цврсто дрво. Со специфична наративна постапка, остро писмо истовремено проткаено со исклучителен сензибилитет, Суес ја раскажува интимната приказна за раздорот во семејството на руско-германските имигранти Келерови. Авторката ја користи оваа приказна како алегорија која открива многу пошироко ниво на социјална неправда, дискриминацијa и политичка корупција во земјата која е контаминирана од авторитаризмот. Црвен чад е приказна во која минатото одеднаш испливува на површината и попречува било каква иднина.
Во 2013 година, романот Црвен чад ја добива аргентинската национална награда за роман.
- Home
- ВОСТОК ПРОЗА
- Перла Суес- Црвен Чад