Наведената тема во македонската историографија досега не е обработувана под наведениот наслов. Оттука, таа со својата методолошка поставеност претставува значајно прашање во нашата историографија. Имено, досега манастирите во Скопската област биле предмет на подробни анализи во одредени монографии и бројни статии во кои се разгледани повеќе проблеми и расветлени различни аспекти од нивниот историјат. Монографијата богато е опремена со сите неопходни методолошки целини кои се задолжителни за еден ваков труд. Притоа, м-р Славица Урумова – Марковска ги ползувала речиси сите расположливи извори кои се однесуваат на наведената проблематика. За сериозниот пристап во подготовката на трудот сведочи податокот дека користени се и 164 наслови на монографии и статии.
проф. д-р Драган Зајковски