Низводно е роман за внатрешната борба на човекот во време на промена на општествено-економските формации. Тоа е роман за текот на свеста на поединецот наспроти текот на епохата. Двете светски војни, Југославија во создавањето на новиот човек и новите вредности, студентските протести и распаѓањето на епохата, прикажани низ призмата на семејството, членовите на семејството и поединецот Стеван Церовиќ. Во таквата структура авторот истражува зошто пропадна таа епоха чии темели беа удрени на искреноста, трудот, пожтрвуваноста, колективот и заедницата. Низводно автобиографија за секој Балканец во дваесетиот век. Во судбината на Стеван Церовиќ, военото сираче, добриот човек, вредниот работник и сведок на историјата, се гледа сиот трагизам на родот и поединецот, како поради неминовната деконструкција на епохата, така и поради личниот хибрис. Тој е претставен како homo mensura на својата епоха и човек херој на сите времиња. Во неговата судбина се отчитува повеќе од драмата на поединецот, можеби повеќе и од несреќата на еден народ. Несреќата на повеќе народи здружени во слоганот „братство и единство“!