Во својот истражувачки труд, авторката остварува синтеза меѓу стратегиите на индивидуалниот херменевтички ориентиран пристап кој успешно го применува врз современи наративни целини. Оригиналниот толкувачки пристап кон специфичните аспекти на дискурсот на раскажувањето во романот и во филмот е изведен од критичка гледна точка која полемизира со темелните вредности на културата во која живееме, а во која траумата и раскажувањето се актуелен проблем.
проф. д-р Славица Србиновска
Книгата Конфликтот на интерпретациите и разбирањето на наративните текстови е прва книга на Донева од областа на културологијата и компаратистиката. Со неа за првпат се претставува пред читателската публика како критичар и херменевт со исклучително опсежни увиди во проблематиката на интермедијалните односи меѓу книжевноста и филмот.
д-р Славица Гаџова Свидерска