• Email
  • Facebook
  • Twitter
  • ПОЧЕТНА
  • ИЗДАНИЈА
    • ВОСТОК КЛАСИКА
    • ВОСТОК ПРОЗА
    • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
    • ВОСТОК ЕСЕИСТИКА
    • ВОСТОК ЗА ДЕЦАТА
    • ВОСТОК НАУКА
    • ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА
  • ЗА НАС
  • ПРОДАЖНИ МЕСТА
  • КОНТАКТ
Search the site...
  • Home
  • ВОСТОК НАУКА
  • Мартина Танески – Народната балада кај Словаците и Македонците од компаративен аспект

Мартина Танески – Народната балада кај Словаците и Македонците од компаративен аспект

„Д-р Мартина Танески врз основа на компаративните и на интерпретативните постапки навидум изненадувачки, но мошне убедливо, ја издвојува врз позадината на општите карактеристики на баладата – неспорната тематска, мотивска, интертекстуална и стилска сличност на словачката и на македонската народна балада во која се проследува и споредливата судбина полна со страсти на словачката и на македонската еманципација од средниот век, па сè до 19-от и 20-от век. Особено треба да се вреднува интерпретативната способност на авторката за прикажување и на различните изразни средства во текстот на баладите во двете култури, како и аргументацијата во расветлувањето на специфичната јазична слика на словачкиот и на македонскиот баладичен дискурс.“

(проф. д-р Мирослав Дудок)

„Трудот на книжевната научничка Мартина Танески е многу важен и е несомнено потребен во словачката и во македонската културна средина. Оваа монографија, всушност, ги дополнува досега неистражените аспекти во традицијата на заемните врски меѓу двата народи – првенствено со прецизна интерпретација на текстот ни открива колку е широк компаративниот потенцијал на народните балади на Словаците и на Македонците. Препевот на тринаесетте македонски народни балади претставува историски прв и успешен обид за превод на ваквиот жанр текстови од македонски на словачки јазик. И затоа му препорачуваме на читателот да ѝ посвети зголемено внимание на оваа книга.“

(акад. д-р Јан Јанкович)

Адреса: Ул. Мирко и Танче Живкови
124, 7000 Битола
Аll Rignt Reserved ©2024 Vostok - Bitola / Macedonia