Романот Приказна е возбудлива и незаборавна книга што го плени читателот со својата загадочност и непредвидливост. Четворица другари се впуштаат во потрага по одгатнување на значењето натписите на глинените плочи, напишани со клинесто писмо. Авантурите низ кои поминуваат се возбудливи, изненадувачки и немилосрдни, но четворицата другари продолжуваат да во намерата да ја одгатнат мистеријата што ја кријат плочите.
Генерацијата на „секс, дрога и рокенрол“ е во постојана потрага по идентитет и смисла. Приказна е истовремено иницијациски роман, роман-мистерија, роман-сатрира и роман за изгубената генерација на преминот од социјализмот во капитализмот.
Петер Шулеј (1967, Словачка) е поет и прозаист со нагласен постмодернистички пристап во книжевноста.
- Home
- ВОСТОК ПРОЗА
- ПРИКАЗНА – Петер Шулеј