Уште со првите контакти со поезиjата на Роман Кисjов сватив оти се работи за роден поет. И како подоцна jа осознавав и прифаќав таа поезиjа, таа ми jа враќаше вербата во незгасливоста на Словото, сплетено во вечната плетенка: поезиjата.
Роман Кисjов е певлив храм во коj дише осаменоста, мудроста и Светлината.
Михаил Ренџов
In medias res, тоа е поезиjа и поетика на една осветлена и света онтологиjа, на една созерцателна личност чие спознание и интуициjа се напоjуваат од речиси еден единствен извор – изворот на светото. Но таа едност не е ни наjмалку неjзин недостаток, туку е неjзина предност, иако, како што ќе видме, неjзе не ѝ недостасуваат ни конкретните земни егзистенциjални тонови и мотиви. Но пак трансцендирани и обожествени. (…) Тоj е теургски поет, поет на таjната, на мистичното чувствување на микро и макро-универзумот, како и на нивното религиозно спознание, но е исто така и поет на човековиот пад, на прагревот и страданиjата што произлегуваат од него.
Ефтим Клетников
Роман Кисјов не е од поетите „пеечки птици“ ниту од стихијните поети, напротив, тој е не само поет – ерудит, но би рекол и конструктивен поет.
Светлозар Игов