Во студијата „деконструкцијата и преводот “ авторката укажува дека деконструкцијата не е теорија на преведувањето, туку пред сè, стратегија на читањето, таа отвора нова перспектива кон преведувачката практика која бара од преведувачот не само високи јазички познавања, туку и свест за повеќезначноста на зборовите, за културните разлики и воопшто на контекстот во кој настанало едно книжевно дело. Свеста на преведувачот за „играта на значењата“ во еден текст, му дава можности за поголема креативност во процесот на преведувањето, и иако преведувачот „не може да си допушти интерпретативни ’игри без граници‘“ (бидејќи сме „осудени на превод“), тој сепак може да му даде на текстот во превод далеку поголема комплексност и следствено – поголема уметничка вредност.
проф. д-р Зоран Анчевски
Лидија Митоска – Ѓорѓиевска (1984, Прилеп) е драматург, преведувач и драмски автор. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Kатедрата за англискијазик и книжевност, а магистрира на студиската програма Наука за книжевноста. Во 2009 и 2010 спроведува научно истражување од областа на – преведување драмски текстови на Универзитетот Сапиенца во Рим, Италија. Од 2006 година активно работи како преведувач, а од 2014 година е драматург во Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.