Романот „Историја на еден град“ претставува сатирична историја на едно град кој се бори со проблемите на автократијата. Жителите на градот Глупов, (кој претставува алегорична слика на било кое општество во светот, во било кое време) не сакаат да живеат во режим на деспотизам и понижување, и затоа никако не можат да го изберат вистинскиот градоначалник и соодветната политичка гарнитура. Во оваа универзална сатира за површноста и медиократијата во општеството, авторот понира до најсуптилните проблеми и потреби на обичниот човек.
Светската литературна критика романот „Историја на еден град“ го сврствува меѓу стоте најславни романи на руската книжевност.