„Кој е виновен“ е роман за љубовта и страста, еден од првите руски социјално-психолошки романи.Што е среќа? Што се случува со човекот кога ќе се соочи со луда страст и безумна љубов? Каква е улогата на семејството за човекот? Херцен многу вешто ги вклопува овие прашања во романот, како еден од најпознатите класици на руската литература и значаен претставник на епохата на рускиот реализам.