„Синовите на Адам“ е романизирана вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект за мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје, во темните соби, се носат деца заради забава. Рајот на оние што можат да си дозволат сè што ќе посакаат, станува пекол за оние што излегуваат од таму. „Синовите на Адам“ е и роман за хероите кои смело се извлекуваат од мракот и чекорат кон светлината.