Клаудио, главниот протагонист во романот, патува низ Буенос Аирес и неговата околина – чувствувајќи се како Диоген, филозофот кој се откажува од луксузот и тргнува во потрага по чесен човек. Но, оваа слика постојано страда од морална мутација; Диоген го создава Спајдермен, детска реминисценција на маската која татко му ја користел во своите грабежи и му ја подарил на младиот Клаудио. Бегствата од реалноста се производ на отуѓувањето од светот што го создава тагувањето: по родителот, по себеси и сопственото место во реалноста и потрага по одговорот што не може да се најде. Немањето цел е тема што се провлекува низ целиот роман и наоѓа конечна насилна, запалива разрешница.
Кога животот е отворено стрелиште, најтешко е да се нишани и погоди во целта.