„Еготрип“ е своевиден трактат за поразот и еден вид шизоиден патувачки филм.
Протагонистот на романот, поетот Едгардо Капрано, кој го живее неподносливото секојдневие на предградието на Буенос Аирес, одлучува да ја следи својата девиза дека „самиот човек е немоќен против системот, тој може само да побегне“ па еден ден одлучува да замине. Зад себе го остава сиот свој поранешен живот и се свртува кон југот на Аргентина, кон пампасите на Патагонија населени со живописни ликови неприлагодени на системот.
Со оваа жестока, непопустлива, сурово смешна приказна, Маѓори му нуди на читателот бесценето патување во маргиналноста, пикарескно, лудо спуштање во пеколот, еден автентичен еготрип – низ себеси, вон себеси и кон себеси.
Благодарение на големата умешност на авторот, урнебесноста од ликови и лични судбини, долго останува во меморијата на читателот како вистинско книжевно уживање.