Романот „Остајница“ е зрело четиво кое се бави со проблематиката на Канунот на Лек
Дукаѓини, крвната одмазда, честа на семејството и бесата, кои се исклучително важни во
изолираните предели на Балканот. Според Канунот, одредени жени остануваат заколнати девици (остајници), и стануваат мажи преку давање заклетва, облекување машка облека и кратење на косата. Во оваа патријархалност, во која жената вреди дваесет волови, поради крвната одмазда смртта е постојан гостин речиси во секој дом. Книгата нè запознава со Бекија, девојка која очајно сака да биде момче и син на својот татко Мураш, кој пак, паради традицијата и продолжувањето на лозата мечтае да има син. Романот „Остајница“ е потресно четиво кое се бави со чувствителната проблематика на родот, како и со судирот помеѓу традицијата и современието во кој се жртвуваат
поединецот и неговите соништа.
Две девојки уште од рано детство ќе се вљубат, а животот повторно ќе ги спои после
долги години.