Во овој театар луѓето се сенки што се уморни од премногу приказни, а приказните се прочитани меѓу редови, бидејќи е важно да се наслушнат нештата што се недоречени. Луѓето имаат лузни, но истовремено се ѕвездени; жените се зеленооки ѓаволици и затоа во песните сè гори од висока температура.
На крајот на оваа поетска книга повторно се потсетуваме дека животите ни се забрзани и исполнети со „втори линии“, и најважно од сè, дека ни требаат нови почетоци.