• Email
  • Facebook
  • Twitter
  • ПОЧЕТНА
  • ИЗДАНИЈА
    • ВОСТОК КЛАСИКА
    • ВОСТОК ПРОЗА
    • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
    • ВОСТОК ЕСЕИСТИКА
    • ВОСТОК ЗА ДЕЦАТА
    • ВОСТОК НАУКА
    • ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА
  • ЗА НАС
  • ПРОДАЖНИ МЕСТА
  • КОНТАКТ
Search the site...
  • Home
  • ВОСТОК НАУКА
  • Славица Гаџова Свидерска – Книжевноста и политичкото насилство

Славица Гаџова Свидерска – Книжевноста и политичкото насилство

Студијата Книжевноста и политичкото насилство од Славица Гаџова Свидерска е единствена од овој вид во нашиот културен простор. Спојувајќи ги македонскиот и латиноамериканскиот културен контекст, преку делата на Живко Чинго, Иво Трајков (филм работен врз книжевната предлошка на Чинго), Габриел Гарсија Маркес, Хулио Кортасар и Марио Варгас Љоса, оваа комплексна студија ги разгледува сложените односи на феномените на репрезентацијата во наративните текстови и политичкото насилство на ниво на приказна и на ниво на дискурс. Истражувањето има нагласено компаративен и интередисциплинарен карактер. Една компаративна анализа и интерпретација, каква што е оваа, освен детектирањето на разликите, се осврнува и на детектирањето на сличностите на делата во длабинската структура на наративните текстови, кои го поврзуваат политичкото насилство со архаичните митски матрици на обоготворувањето, жртвувањето и иницијацијата. Ова истражување ги има сите одлики на компаративизмот, кои го надминуваат потесното епистемолошко подрачје на сциентистички сфатената наука за книжевноста. Далеку од сфаќањата за книжевноста како непрагматичен третман на јазикот, се покажува неговата прагматична функција. Книжевноста, уметноста воопшто, како и филмот, се спротивставуваат на моќта и на насилството со специфични естетски стратегии, а и самите не се имуни на создавање и на практикување моќ и насилство.

Адреса: Ул. Мирко и Танче Живкови
124, 7000 Битола
Аll Rignt Reserved ©2024 Vostok - Bitola / Macedonia