• Email
  • Facebook
  • Twitter
  • ПОЧЕТНА
  • ИЗДАНИЈА
    • ВОСТОК КЛАСИКА
    • ВОСТОК ПРОЗА
    • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
    • ВОСТОК ЕСЕИСТИКА
    • ВОСТОК ЗА ДЕЦАТА
    • ВОСТОК НАУКА
    • ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА
  • ЗА НАС
  • ПРОДАЖНИ МЕСТА
  • КОНТАКТ
Search the site...
  • Home
  • ВОСТОК ПОЕЗИЈА
  • ГРАНИЦИ – Михајло Свидерски

ГРАНИЦИ – Михајло Свидерски

Тегобна и до потресност искрена поема за оние кои ги изгубиле домот, оние кои го изгубиле името и презимето, оние што биле откорнати без корен. На убедлив и продлабочен начин, Михајло Свидерски ја отвора темата за децата на егзилот, децата без адреса и пасош, децата на несаканите и непобараните промени. Во „Граници“, тој е гласноговорник на сите кои не стигнуваат до насловните страници на весниците, ниту пак до нашите молитви. Изразот на поетот е интроспективен и полн со егзистенцијални прашања и рефлексии за луѓето кои ги цртаат границите, но и оние кои катадневно ги поминуваат, истовремено поминувајќи низ рушевините на своето битие. Свидерски говори не само за индивидуалната, туку и за колективната меморија и историја, правејќи нè сите соучесници во приказната за егзилот. Потресната вистина е кога еднаш ќе заминеш од домот, за него стануваш странец и дури ни враќањето назад не те прави свој на своето.

м-р Маријана Јанческа

РАСПЕТИЕ НА ЕГЗИЛОТ

Кој поет, не се вдал во тревога, пр-венствено заради обидите да се спојат два круцијални света: оној сурово именуван како „реален“ и внатрешниот свет кајшто се напојуваат сите негови тајни од дното на космичкиот бунар. Јазикот на поетот е прегнантен, дециден, јасен до неподнослива болка во изложувањето на концептот посветен на прогонствата и страдањата.
Темата е древна, мачевна, се бави со егзекуцијата на правдата на оние што го изгубиле домот, покривот, името и презимето (парафраза од стих во поемата).
Само оној, чиј корен е длабоко засаден во матката на мајчицата земја, на татковината, може да заплови во светот и да го прегрне како граѓанин без граници.
Каде е овде границата? За каква граница пишува поетот? Можеби за онаа меѓу небото и земјата, мртвите староседелци и живите мигранти. Или, можеби обратно? Всушност, извонредно избистрената, бисерна поема на Свидерски говори за безграничната преданост на љубовта на поетското битие кон татковината.

Ирена Павлова Де Одорико

Поетската книга Граници е добитник на наградата „Антев златник“ што ја доделува Меѓународната поетска манифестација „Антево перо“, во чест на великанот на македонската поезија , Анте Поповски.

ISBN 978-608-4885-41-2

Адреса: Ул. Мирко и Танче Живкови
124, 7000 Битола
Аll Rignt Reserved ©2024 Vostok - Bitola / Macedonia