Според Аристотел, државата е највозвишениот вид на човечка заедница чијa цел не е само живеење во неопходното, ами живеење во убавото и доброто. Најдобриот, пак, тип државно уредување не претставува уредувањето кое за цел ги има интересите на мнозинството граѓани, ами среќниот живот на сите граѓани во целост.
И покрај тоа што постојат исправни и погрешни државни уредувања, за секое од нив, во зависност од котекстот во којшто се наоѓа, има посебни услови кои го водат уредувањето кон спас или кон пропаст.
Политиката на Аристотел со сигурност била и сè уште е свето писмо на сите државници и политичари кои имаат цел организирање на најдобро државно уредување веќе дваесет века.