Сабахатин Али е најчитаниот и најславниот турски автор на сите времиња.
Замок од стакло, најпродаваната книга во Турција, која е вистински хит веќе со децении, се чита во еден здив, без да се прави пауза. Читателот, од приказна во приказна открива нови светови, лесно, ненаметливо, со големо мајсторство и естетска убавина.
Покрај Турција, Сабахатин Али со голема популарност се стекнува и во светот, особено со романите Мадона во крзнено палто, Ѓаволот во нас, Јусуф од Кујуџак, како и збирките раскази Замок од Стакло, Новиот свет, Мелница, Запрежна кола и Глас .
Неговото обемно творештво е преведувано на десетина јазици.
„Зошто секогаш да пишувам за тажни нешта? Пријателите, пријателите со меко срце, не го сакаат тоа. Секогаш ли ќе ги гледаш лошите, сакати работи? Зарем секогаш ќе зборуваш за гладните, голите, настраданите? За децата кои собираат весници и цигари навечер; за оние кои се убиваат меѓусебно за еден сантиметар земја и за една чаша вода; за оние чии души се топат во затворите; за оние кои не можеле да најдат доктор; за оние кои не си го добиваат заслуженото, нема ли други работи за да пишуваш, добри и убави работи? Зарем во оваа замја нема луѓе кои се смеат, среќни луѓе, нема ли?“
Извадок од расказот „Среќно куче“