Во книгата „Вертикали на македонската книжевност“ се застапени шеснаесет
интерперативно-критички есеи посветени на поетски и прозни дела од македонски
автори. Љубинка Донева им пристапува на избраните дела со ерудиција на зналец и со
префинето чувство за јазикот и книжевното ткиво на некој кој и самиот е автор.
Користејќи завиден современ книжевно-теориски инструментариум и изострен
херменевтички и културолошки осет, Донева ги става избраните дела и автори во
контекст на современата европска и светска книжевност.
- Home
- ВОСТОК ЕСЕИСТИКА
- ВЕРТИКАЛИ НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ – Љубинка Донева