„Социолошки аспекти на драмскиот текст“ е студија која ги сопоставува драмите на Харолд Пинтер и Јордан Плевнеш во еден компаративен контекст. Авторите од оваа компаративна студија се среќаваат на патот во потрага по идентитет. Тие ја исцрпуваат оваа тема преку ликовите кои се движат по голгота, различно претставена кај двајцата, кај Харолд Пинтер вертикално, а кај Јордан Плевнеш хоризонтално. Тие се среќаваат и во универзалноста на духот што ги соединува народите, во силата на обраќањето кон светот обединет во истите комплекси, верувања, неверувања, неостварени желби и глад за емоции.
Компаративна анализа на Анита Димитријовска-Јанкуловска има незаобиколива и студиозна форма на навлегување во сликите на современата епоха кои се прекршуваат низ обичниот човек, независно дали неговата одисеја се случува во лондонските предградија или балканските ветрометини.
Јордан Плевнеш