Романот Дневникот на сатаната е несекојдневен и првокативен роман на еден од најчитаните и најпреведуваните руски автори, Леонид Андреев.
Сатаната, преправен во американски милијардер, оди на турнеја низ Европа во потрага по забава и авантура. Но, набргу се соочува со човековата суета и лицемерие и за кратко се наоѓа во ситуации во кои е надмудрен и понижен. Се вчудоневидува од способноста за манипулација и подмолноста што може да се скрие во човековото срце. Набрзо доаѓа до заклучок дека овој свет толку западнал во злото, што го надминал и него самиот.
